Други спортови Тенис

Моќен старт на Синер во Париз!

Новата гранслем возбуда на „Ролан Гарос“ донесе убава тениска програма, сигурни чекори на фаворитите, но и неколку неочекувани разочарувања на земјената подлога.

Првиот носител Јаник Синер имаше импресивен почеток во Париз и за два часа со максимални 3-0 (6-1, 6-3, 6-4) го елиминираше домашниот тенисер Клемен Табур. Следен предизвик за Италијанецот ќе биде Аргентинецот Черундоло, кој со истиот резултат го совлада Британецот Фирнли.

За разлика од Синер, Камерон Нори експресно го заврши настапот предавајќи му го мечот на Валјехо поради повреда, а од слични причини Милер му ја предаде победата на Стефанос Циципас при резултат 6-2 и 3-0 за Гркот. Најголемото изненадување го приреди Кимберли Бирел која со 2-1 во сетови ја елиминираше петтата носителка Џесика Пегула, иако Американката фуриозно го доби првиот сет со 1-6.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.