Италијанскиот напаѓач Мојзе Кин го комплетираше трансферот во Комо, откако Фиорентина се согласи да го испрати на позајмица вредна 10 милиони евра, со задолжителен откуп од 25 милиони евра и дополнителни пет милиони евра преку бонуси. Клубот од Фиренца немаше голем избор бидејќи не сакаше да задржува незадоволен играч во составот, но сега се соочува со временски теснец експресно да пронајде нова офанзивна опција пред истекот на преодниот рок.
Кин пристигна во Фиорентина во 2024 година од Јувентус и на 79 натпревари оствари ефект од 35 голови и седум асистенции. Ова засилување доаѓа како значаен импулс за Комо во пресрет на настапите во Серија А и Лигата на шампионите. Во офанзивната линија на Комо во моментот се наоѓаат и Анастасиос Дувикас и Алваро Мората, иако за шпанскиот репрезентативец се очекува до крајот на трансфер пазарот да оствари преселба во шпанската Ла Лига.

