Иако Евертон оствари важна победа на гостувањето кај Њукасл, една од главните теми по натпреварот беше статусот на Џек Грилиш. Поранешниот англиски репрезентативец го пропушти овој дуел, како и претходната пресметка против Арсенал, што веднаш ја брануваше јавноста и подгреа низа шпекулации за неговата позиција во тимот.
Предводникот на „карамелите“, Дејвид Мојес, на почетокот даде прилично мистериозен одговор околу причините за неговото отсуство, отфрлајќи ги претпоставките дека станува збор само за физичка неподготвеност.
„Околу неговата ситуација само ќе кажам дека едноставно не беше во конкуренција за настап на овој меч“, изјави Мојес.
Ваквата изјава на прва топка звучеше како на Грилиш повеќе да не се смета сериозно, но искусниот шкотски стручњак брзо ги разјасни сите сомнежи и јасно стави до знаење дека сè уште рачуна на неговите услуги.
„Секако дека Грилиш има иднина во Евертон, за тоа нема никаква дилема“, додаде менаџерот.
Англискиот офанзивец зад себе има скромен почеток на сезоната и сè уште се мачи да ја пронајде вистинската форма, со оглед на тоа што сè уште нема запишано ниту гол ниту асистенција во синиот дрес.

