Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мојот голгетерски инстинкт е дар од Бога!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој со два гола сам го сруши Бразил во осминафиналето на Светското првенство, изјави дека неговата способност максимално да ги користи и најмалите шанси на теренот ја доживува како „дар од Бога“ и оцени дека ова е најголемиот триумф во историјата на норвешкиот фудбал.

Ѕвездата на Манчестер Сити игра брутален турнир и во моментов има 7 гола на Мундијалот, со што го дели првото место на листата на стрелци заедно со Лионел Меси и Килијан Мбапе.

„Ако добијам една или две шанси, главно ги претворам во гол. Не знам како успевам, но едноставно е така. Сè се сведува на тоа да останам максимално концентриран и постојано си повторувам дека приликата ќе дојде. Почнувам да сфаќам дека тоа е дар од Бога, топката да заврши баш таму каде што треба, веднаш покрај стативата“, изјави Халанд по натпреварот.

Покрај сопствениот голгетерски инстинкт, Халанд го пофали и неверојатниот карактер на неговите соиграчи кои успеаја да го издржат жестокиот притисок и доминацијата на Бразил во поголемиот дел од средбата. Тој го искористи моментот и да испрати силна порака до младите генерации во својата татковина.

„Се надевам дека сите деца кои го гледаат ова, кога ќе пораснат, ќе сфатат дека настапот за Норвешка е најголемата чест што можат да ја имаат во животот“, додаде напаѓачот, нагласувајќи дека овој историски резултат мора да се искористи паметно бидејќи дефинитивно претставува голема пресвртница за иднината на норвешкиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.