Меѓународен фудбал Фудбал

Мохамед Салах би можел да заврши во Турција?

Откако го напушти Ливерпул по девет незаборавни сезони, иднината на Мохамед Салах останува една од најинтересните теми на летниот трансфер пазар. Египетската ѕвезда сè уште е без нов клуб, а неговото име веќе се поврзува со неколку европски гиганти. Според турските медиуми, Салах му бил понуден на Бешикташ, кој сега размислува дали да влезе во преговори за негов ангажман.

Наводно, искусниот напаѓач е подготвен да го облече дресот на истанбулскиот клуб, но само доколку му бидат исполнети финансиските услови. Неговото барање е плата од 15 милиони евра по сезона. Салах летово стана слободен агент по заминувањето од Ливерпул, каде што мина девет успешни години и се вброи меѓу најдобрите фудбалери во клупската историја. Во текот на кариерата настапуваше и за Ел Мокавлон, Базел, Челси, Фиорентина и Рома.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.