Меѓународен фудбал Фудбал

Младиот Жаке пристигна во Ливерпул

Францускиот дефанзивец Жереми Жаке и официјално е нов фудбалер на Ливерпул. Англискиот гигант го договори овој трансфер уште во февруари, но младиот играч остана во Рен до крајот на натпреварувачката сезона. Клубот од „Енфилд“ за неговите услуги ќе плати вкупно 60 милиони фунти.

Жаке во средата пристигна во Ливерпул, каде по прегледите го стави својот потпис на договорот. Тој изјави дека доаѓа во легендарен клуб чија фудбалска филозофија му е многу блиска. Новиот стопер се опиша себеси како прилично брз и смирен фудбалер на теренот.

Тој особено нагласи дека максимално се радува на можноста да настапува заедно со искусниот Вирџил ван Дајк.

„Возбуден сум што ќе играм со таков фудбалер. Ван Дајк е меѓу најдобрите на светот и сакам да научам најмногу што можам од него“, изјави Жаке.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.