Репрезентација на Македонија Фудбал

Младиот Матеј Гаштаров пред деби во црвено-жолтиот дрес!

Младиот 19-годишен фудбалер Матеј Гаштаров го живее својот фудбалски сон. По фантастичниот месец во кој се избори за првотимски статус во редовите на Црвена Звезда и забележа значајна минутажа на европската сцена, стигна и најголемата награда за неговиот труд, првиот повик во сениорската репрезентација на Македонија.

Гаштаров беше меѓу првите кои пристигнаа на собирот во Скопје пред почетокот на историската мисија во Б-дивизијата од Лигата на нации. Младиот дефанзивец не го криеше возбудувањето од брзиот подем во својата кариера, истакнувајќи дека облекувањето на националниот дрес претставува најголема чест и привилегија.

„Искрено, не очекував дека сè ќе се случи толку брзо за само еден месец, клупска минутажа, првотимски статус, Европа, а еве сега и А-репрезентација. Но, кога веќе ми се укажа оваа шанса, со целосна енергија се посветувам на предизвикот. Работев напорно за ова. Нè чека тешка задача, но подготвен сум и сигурен сум дека одлично ќе бидам прифатен од постарите соиграчи“, истакна Гаштаров.

За младиот фудбалер ова е колосален чекор напред, а македонските љубители на фудбалот би можеле да го видат неговото официјално деби веќе в сабота на стадионот во Скопје, каде Македонија ја дочекува силната селекција на Швајцарија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.