Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Младеновски останува во Вараждин до 2029 година

Македонскиот дефанзивец Марио Младеновски ја продолжи соработката со Вараждин и според новиот договор ќе остане во хрватскиот клуб до 31 мај 2029 година. Вараждин со овој потег јасно стави до знаење дека сериозно смета на 25-годишниот стопер, кој во клубот пристигна во летото 2024 година и во изминатиот период успеа да се наметне како еден од важните играчи во одбранбената линија.

Младеновски има одличен старт на новата сезона, бидејќи на првите четири првенствени натпревари веќе двапати се запиша во листата на стрелците. Учиникот е уште позначаен ако се има предвид дека станува збор за централен дефанзивец. Во досегашната кариера, Младеновски го носеше дресот на Вардар, Фремад Амагер, Ботев Пловдив, Македонија ЃП и Шкупи, а има и настапи за македонската репрезентација. Продолжувањето на договорот претставува потврда за довербата која Вараждин ја има во македонскиот стопер, кој во наредните години ќе биде дел од плановите на хрватскиот прволигаш.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.