Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Младата македонска селекција (У21) минимално поразена на тестот во Софија

Избраниците на Горан Станиќ ја искористија оваа репрезентативна пауза за тест-дуел кај нашиот источен сосед, каде што за жал претрпеа пораз кој остава простор за анализа.

Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери до 21 година доживеа минимален пораз од 1-0 на пријателскиот соочување против соодветната селекција на Бугарија. На пресметката која се одигра на стадионот „Бистрица“ во Софија, нашата надежна генерација одигра борбен меч, но домаќините успеаја да ја искористат својата шанса.

Одлучувачкиот гол на натпреварот падна на самиот почеток од вториот дел, поточно во 50. минута. Тој еден погодок на Бугарите се покажа како недостижен за нашите фудбалери и ја направи клучната разлика на семафорот до крајот на средбата.

Овој натпревар беше само загревање за она вистинското што ја очекува оваа генерација во есенскиот дел од годината. Пред У21 селекцијата се последните два предизвика од актуелниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство. Најпрво ја пречекуваме селекцијата на Црна Гора на домашен терен на 1 октомври, а на 5 октомври госдтуваме во Шведска, со што и официјално ќе биде ставена точка на овие квалификации.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.