Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мислеа дека ќе играме во смокинг, но подготвени сме и да ги извалкаме рацете!

Капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе, испрати моќна порака по тешката победа над Парагвај со 1:0 во осминафиналето на Светското првенство. „Триколорите“ славеа во Филаделфија со неговиот гол од пенал во 70. минута, досуден по реакција на ВАР за фаул над резервистот Дезире Дуе. Мбапе истакна дека неговиот тим покажал ново лице и карактер кога било најпотребно на теренот.

„Знаевме каков натпревар нè очекува. Покажавме дека не сме екипа која знае да игра само убав и напаѓачки фудбал. Ако треба да се бориме и да ги извалкаме рацете, ќе го направиме тоа без никаков проблем. Парагвајците мислеа дека ќе излеземе на терен во смокинг, дека ќе им покажуваме само убави потези, дриблинзи и двојни пасови. Но, ние знаеме да играме и цврст, па дури и малку ’валкан‘ фудбал. Ги победивме во нивната сопствена игра. Во фудбалот нема правилен или погрешен начин, постои само една единствена цел, а тоа е победата“, изјави брутално искрениот Мбапе.

Француската ѕвезда веднаш ги насочи мислите кон следниот предизвик и големото четртфинале против селекцијата на Мароко. Овој дуел ќе донесе и интересен директен судир со неговиот голем пријател, Ашраф Хакими. Мбапе откри дека дефанзивецот на Мароканците веројатно веќе му испратил порака веднаш по завршувањето на натпреварот. Тој нагласи дека тимот сега максимално ќе се фокусира на закрепнување бидејќи Мароко е исклучително квалитетна репрезентација, против која со задоволство ќе го продолжат мундијалскиот пат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.