Меѓународен фудбал Фудбал

Миовски со мајсторски лоб му донесе победа на Ренџерс! (ВИДЕО)

Бојан Миовски повторно е во центарот на вниманието на шкотската јавност, откако македонскиот репрезентативец го постигна својот прв гол сезонава во дресот на Ренџерс и му донесе победа на својот тим против Сент Мирен. Штипјанецот не доби голема минутажа, но тоа воопшто не му пречеше да се претвори во херој на натпреварот. Миовски влезе во игра во самиот финиш, а само неколку моменти подоцна ја искористи шансата што му се укажа.

По една одлично испратена топка во длабочина, македонскиот напаѓач се најде сам пред голманот на Сент Мирен. Наместо да комплицира, Миовски покажа голгетерска смиреност и со прецизен лоб ја испрати топката во мрежата, предизвикувајќи ерупција на трибините на „Ајброкс“. Овој погодок доаѓа во вистински момент за македонскиот репрезентативец, особено по турбулентниот период во финишот на летниот преоден рок. Миовски беше блиску до заминување од Глазгов и промена на средината, но на крајот остана во редовите на шкотскиот гигант. Сега, наместо со мислите кон трансфер, Миовски повторно испраќа порака на теренот – дека и понатаму може да биде важен адут во нападот на Ренџерс.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.