Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Миовски погоди два пати против Фалкирк!

Ренџерс продолжува со победничкиот ритам во шкотската Премиер-лига, а главен „архитект“ на последниот триумф кај Фалкирк (3-6) беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

И покрај ограничената минутажа, напаѓачот покажа неверојатна ефикасност и во само едно полувреме успеа двапати да ја затресе противничката мрежа.

Клучниот момент се случи на почетокот на вториот дел кога Миовски влезе во игра и донесе потребна агресивност во финишот. Прво зголеми на 2-4, а во завршницата ги постави конечните 3-6. Овие три бода се од витално значење за тимот од „Ајброкс“, кој сега има само бод помалку од Хартс на врвот на табелата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести