Кошарка Македонска кошарка

Миодраг Тодоровиќ е новиот стратег на Кожув!

Кошаркарскиот клуб Кожув официјално го претстави Миодраг Тодоровиќ како нов шеф на стручниот штаб за претстојната сезона. Тодоровиќ во Гевгелија пристигнува по успешната сезона со екипата на КК Маџари, која под негово водство стигна до финалето на плеј-офот во македонското првенство. Со својата работа и резултати се етаблираше како еден од најценетите домашни тренери.

Во својата кариера беше и дел од стручниот штаб на МЗТ Скопје, каде што работеше како помошен тренер и стекна драгоцено искуство во борбата за највисоки клупски дострели. Покрај клупските ангажмани, Тодоровиќ ја извршува и функцијата селектор на македонската репрезентација до 18 години, каде активно придонесува во развојот на младите кошаркарски таленти.

Неговата успешна работа беше потврдена и со признанието за најдобар тренер во македонската Суперлига за изминатата сезона – награда која претставува признание за постигнатите резултати, професионалниот пристап и континуираниот напредок што го демонстрираше.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.