Кошарка Меѓународна кошарка

Минесота тргнува по Јанис, а Едвардс е главниот мамец за грчкиот ѕвер!

Повеќе не е прашање дали Јанис Адетокумбо ќе го напушти Милвоки Бакс, туку кога точно ќе се случи тоа. Главна енигма во НБА лигата моментално е која ќе биде неговата следна дестинација. Јасно е дека Гркот воопшто не е задоволен во Милвоки и дека активни бара нов голем предизвик. Тој претходно испраќаше јасни сигнали до Мајами Хит дека сака да се пресели на Флорида. Сепак, листата на заинтересирани тимови за неговиот потпис секоја недела станува сè поголема.

Покрај Мајами, Голден Стејт и Портланд, во игра за неговиот потпис повторно се вклучи и екипата на Минесота. Тимбервулфс веќе стапиле во контакт со раководството на Бакс за да ја испитаат ситуацијата. Нивната примарна цел е да направат моќно дуо и да ги спојат Адетокумбо и Ентони Едвардс. Добро информирани извори уште во јануари открија дека Јанис е привлечен од можноста за соработка со Едвардс. Милвоки овојпат побарал многу повеќе отколку за време на зимските преговори кога Минесота беше во иста трка со Вориорс и Хит.

Големо прашање е која е реалната цена за грчкиот репрезентативец во овој момент ако се земе предвид неговата здравствена состојба. Јанис оваа сезона имаше огромни проблеми со повредите и одигра само 36 натпревари за својот тим во регуларниот дел. Сепак, неговиот ефект на паркетот и понатаму е застрашувачки кога е комплетно фит. Тој во просек постигнуваше по 27,6 поени, 9,8 скокови и 5,4 асистенции по натпревар. Останува да се види дали Минесота ќе го пронајде вистинскиот пакет за овој блокбастер трејд.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.