Кошарка Меѓународна кошарка

Минесота им отсвири крај на Денвер и Јокиќ!

Денвер и Јокиќ ја завршија сезоната во НБА лигата, уште во првата фаза од Плеј-офот. Десетуваната Минесота повторно беше подобра и славеше победа со 110:98, за вкупни 4-2 во серијата. Иако без Едвардс, ДиВинченцо, Досунму и Андерсон, Минесота предводена од МекДениелс беше подобра во секој сегмент од млитавиот Денвер и заслужено продолжуваат во полуфиналето, каде ќе играат против Сан Антонио.

Никола Јокиќ не го криеше разочарувањето после раното испаѓане од Плеј-оф фазата, особено што кај противникот недостасуваа клучните играчи во последните натпревари.

„Едноставно бевме елиминирани во првото коло. Мислам дека сме далеку од тоа што треба да бидеме. Тоа не е моја одлука. Дефинитивно, да бевме во Србија, сите ќе бевме избркани“. –  изјави српскиот кошаркар.

МекДениелс беше најдобар на теренот и постигна 32 поени со 10 скокови, а го следеше Шенон со 24 поени. Во поразениот тим Никола Јокиќ дојде до 28 поени, надополнети со 9 скокови и 10 асистенции, додека втората ѕвезда на тимот е мета на критики, затоа што во најбитната утакмица во сезоната, одигра очајно, постигнувајќи само 12 поени, со слаб шут од игра 4/17.

 

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести