Минесота славеше во вториот натпревар против Денвер на гостински терен (114:119) и дојде до 1-1 во серијата. Денвер почна одлично, имаше и високи 19 поени предност, но Минесота се врати во игра до крајот на полувремето и на крај успеа да го сврти резултатот во своја полза и да дојде до важна победа на гостинси терен. Овој триумф е уште поважен затоа што серијата се сели во Минесота и наредните два натпревари, Едвардс и екипата ќе ја имаат предноста на домашниот терен. Кај гостите Едвардс беше најдобар со 30 поени, а кај Денвер, Мареј имаше 30 поени, Јокиќ 24 поени, но и двајцата потфрлија во последната четвртина.
Атланта исто така стигна до минимална гостинска победа против Њу Јорк со 106:107 и исто како и Минесота, израмни на 1-1 во серијата и во следните два натпревари ќе ја има предноста на домашниот терен. МекКолум беше најпрецизен кај гостите со 32 поени, додека Брансон забележа 29 поени за Њу Јорк.
Кливленд беше сигурен и дојде до 2-0 во серијата против Торонто, совладувајќи ги овој пат со 115:105. Мичел со 30 поени и Харден со 28 поени беа предводници на домашниот тим, додека кај поразените Барнс постигна 26 поени.

