Минесота Тимбервулвс направија голем „брејк“ на стартот од полуфиналето на Западот, славејќи во драматичен финиш против Сан Антонио Спарс со 104:102. Клучна улога во победата имаше Ентони Едвардс, кој по враќањето од повреда постигна 18 поени од клупата, од кои дури 11 беа во одлучувачката последна четвртина. Џулиус Рендл со „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 10 скока беше најстандарден кај гостите, додека Мајк Конли додаде 12 поени во клучните моменти од мечот. Натпреварот го одбележа неверојатната и историска партија на Виктор Вембањама, кој постави нов НБА плејоф рекорд со 12 блокади, придодавајќи 15 скока и 11 поени. Сепак, агресивната одбрана на Минесота го принуди младиот Французин на лоши проценти за шут (0/8 за три поени), што на крајот беше пресудно за триумфот и предноста на „Волците“.
Њујорк Никс на импресивен начин го отворија полуфиналето на Источната конференција, совладувајќи ја Филаделфија со убедливи 137:98 за почетно водство во серијата. Главна ѕвезда на вечерта беше Џејлен Брансон, кој за само 30 минути на паркетот постигна 35 поени, од кои дури 27 беа реализирани во доминантното прво полувреме. Со овој триумф, Никс влегоа во историјата на НБА лигата како прв тим кој врзал три плејоф победи со разлика од најмалку 25 поени. Поддршка за Брансон беа Ануноби со 18, како и Таунс и Бриџис со по 17 поени, додека Филаделфија делуваше исцрпено по елиминацијата на Бостон. На спротивната страна, Џоел Ембид беше сопрен на само 14 поени со слаб шут од игра (3/11), што придонесе за убедливиот пораз на гостите.

