Минесота дојде до втората победа во серијата против Денвер, прва на домашен терен и тоа со убедлива игра и победа 113:96. Јокиќ и Мареј, како лидери на тимот од Денвер потфрлија, иако Јокиќ го заврши мечот како најдобар стрелец со 27 поени и 15 скокови, но поголемиот дел од нив дојдоа предоцна во мечот, а Гоберт уште еднаш одигра одлично во дефанзива. Кај победникот најпрецизен беше Досунму со 25 поени, додека МекДениелс постигна 20 поени и 10 скокови.
Торонто Рапторс во третиот натпревар дојде до првата победа против Кливнлент, пред домашната публика со високи 126:104. Клучна за високата победа беше последната четвртина во која „Рапторси“ постигнаа 43 поени, додека Кливлент постигна само 23 поени. Барнс и Барет го предводеа Торонто со по 33 поени, а Харден кај гостите постигна 18 поени.
Атланта во незивесен натпревар, дојде до втората победа против Њу Јорк со 109:108. Ануноби и Брансон беа најпрецизни на натпреварот со 29 и 26 поени, но сепак не успеаја да му ја донесат победата на Њу Јорк, додека кај победникот Џонсон постигна 24 поени, а МекКолум постигна еден помалку.

