Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Миње горд и покрај елиминацијата: Хаити заслужено беше дел од Мундијалот

Селекторот на Хаити, Себастиен Миње, и покрај поразот од Бразил (0-3) и елиминацијата од Светското првенство, не го криеше задоволството од прикажаното од неговите фудбалери на турнирот. Францускиот стратег призна дека неговиот тим бил казнет за неколку грешки против поквалитетен противник, но нагласи дека играчите покажале дека заслужено се дел од светскиот фудбалски крем.

„Првите два гола нè ставија во тешка ситуација и потоа беше многу тешко да се вратиме во натпреварот. Кога играте против Бразил, секоја грешка скапо се плаќа“, изјави Миње.

Тој потсети дека за Хаити ова е прво учество на Мундијал по повеќе од пет децении и смета дека репрезентацијата направила значаен чекор напред.

„Разочарани сме што нема да продолжиме понатаму, но горд сум на моите играчи. Покажаа карактер и докажаа дека местото на Хаити е меѓу најдобрите селекции во светот“, додаде селекторот.

Миње порача дека неговата репрезентација ќе се обиде достојно да го заврши настапот на турнирот и да остави добар впечаток во последниот натпревар против Мароко.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.