Меѓународен фудбал Фудбал

Милвол испушти сигурни 2:0, Вест Хем од дното стигна до бод на „Ден“!

По цели 14 години чекање, јубилејното 100-то издание на кулутното „Докерско дерби“ меѓу Милвол и Вест Хем ги оправда сите очекувања, донесувајќи жестока битка, четири погодоци и црвен картон во ремито од 2:2 (2:0) на преполниот стадион „Ден“.

Ерупцијата на трибините во источен Лондон започна уште во 16-тата минута кога Кејлеб Тејлор искористи една шанса и ги донесе домаќините во водство. Иако Милвол свесно му ја препушти топката на противникот, тактиката на брзи транзиции донесе нов шок за „чеканите“ пред самиот одмор, кога Камил Негли во судиското надополнување (45+3) ја зголеми предноста на високи 2:0.

Сепак, второто полувреме донесе тотална офанзива на Вест Хем. Доминацијата конечно се материјализираше во 74-тата минута преку Мохамаду Канте кој ја намали негативата, а само шест минути подоцна грчкиот дефанзивец Константинос Мавропанос со глава го донесе израмнувањето за 2:2.

Во драматична завршница, авторот на првиот гол за гостите, Канте, заработи исклучување и го остави Вест Хем со играч помалку. Сепак, Милвол немаше сила да ја искористи бројчаната предност во последните минути, па финиш со емоции и тензија, големото дерби заврши со поделба на бодовите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.