Кевин Портер Џуниор остана без ангажман во Милвоки Бакс, а по разделбата со НБА-тимот, како можна опција за продолжување на кариерата се споменува и враќање во Европа. Американскиот бек зад себе има продуктивна сезона, во која просечно бележеше 17,4 поени, 5,2 скока и 7,4 асистенции по натпревар. Сепак, проблемите со повредите и конкуренцијата на бековските позиции придонеле Милвоки да се откаже од неговите услуги.
Бакс во меѓувреме го засилија ростерот со нови имиња, меѓу кои Тајлер Хиро и Каспарас Јакучонис, го избраа Брејден Барис како десетти пик на драфтот и го вратија Гери Трент Џуниор. Следниот чекор за Портер засега останува неизвесен. НБА-лигата и понатаму е приоритет, а како потенцијална дестинација се споменува и Сакраменто, иако засега нема потврдени информации за конкретен договор.
Доколку не најде соодветна понуда во најсилната кошаркарска лига во светот, можно е да се врати во Европа. Портер веќе настапуваше за грчкиот ПАОК, а претходно изјавуваше дека би бил подготвен повторно да го облече дресот на клубот доколку не добие нова шанса во НБА. Неговата иднина ќе зависи од понудите што ќе ги добие во наредниот период, а останува да се види дали ќе продолжи во САД или повторно ќе заигра на европските паркети.

