Кошарка Меѓународна кошарка

Милош Теодосиќ се врати во Црвена Звезда, но во нова улога!

Она што не успеа минатото лето, раководството на Црвена Звезда го оствари сега. Управата на клубот конечно го пресече сомнежот и го ангажираше Милош Теодосиќ во спортскиот сектор.

Поранешниот славен плејмејкер од следната сезона ќе биде засилување во стручниот штаб на белградскиот тим. Теодосиќ лани одби слична директорувачка понуда. Сепак, претседателот Жељко Дрчелиќ овојпат беше поуспешен и во вториот обид ги договори условите со кошаркарот.

Искусниот ас имаше едногодишна пауза од кошарката и се враќа целосно одморен на терените. Сега тој ќе му помага на својот омилен клуб со своите бројни познанства низ Европа. 39-годишниот Теодосиќ претстојното лето ќе има исклучително важна улога во селектирањето на новиот играчки кадар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.