„Новоматик Македонија“ и во следната фудбалска сезона ќе биде генерален спонзор на ФК Вардар. Со новиот договор, клубот ќе добие значајна финансиска поддршка од еден милион евра. Оваа соработка беше официјализирана на прес-конференција, на која присуствуваше и капитенот на тимот, Горан Закариќ.
Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги подржавме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. уште повеќе што нашата повеќегодишна соработкаја крунисавме со нова титула на ФК Вардар. Денес, заедно со капитенот, Горан Закариќ, објавуваме дека светскиот шампионски бренд во игрите на среќа ја продолжува поддршката на македонскиот фудбалски шампион Вардар! Патот до спортскиот успех на ФК Вардар беше тежок, но ние никогаш не престанавме да веруваме. Како што сега веруваме дека следуваат уште многу блескави спортски успеси”. – изјави Петар Пенчев, кој е претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.
Од менаџментот на компанијата порачаа дека Вардар е симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор. „Новоматик“ во период од само три години има вложено повеќе од 3,5 милиони евра во домашниот фудбал.
Оваа светска корпорација од 2025 година е спонзор и на Фудбалската федерација на Македонија. Дополнително, тие финансиски ги поддржуваат и кошаркарскиот клуб МЗТ, како и фудбалскиот клуб Кожув.

