Меѓународен фудбал Фудбал

Милик со спектакуларен гол за Јувентус по повеќе од две години (ВИДЕО)

Аркадиус Милик конечно повторно се запиша во листата на стрелци за Јувентус. Полскиот напаѓач го постигна вториот гол во победата од 2-0 над Палермо во пријателски натпревар во Перт, Австралија. Милик влезе во игра во второто полувреме, а во 86. минута приреди одлична индивидуална акција. Напаѓачот ја прими топката на средината од теренот, се ослободи од својот чувар и со прецизен удар во долниот агол го постави конечниот резултат.

За Милик ова беше прв гол за Јувентус по неверојатни 838 дена. Последен пат стрелаше на 20 мај 2024 година, во ремито 3-3 против Болоња. Претходно Јувентус до предност стигна преку Кенан Јилдиз во финишот на првото полувреме. Турчинот го постигна првиот гол за „старата дама“ во подготовките.

Јувентус со оваа победа го заврши турнирот во Австралија и Хонг Конг, на кој претходно ја совлада Челзи и загуби од Интер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.