Други спортови Одбојка

Миленкоски со јасна порака пред Бугарија: Ќе бараме позитивен резултат!

Македонската одбојкарска репрезентација е подготвена за големиот европски предизвик и денеска го започнува настапот на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ по четврти пат во низа се дел од континенталниот собир, а првата задача ќе биде исклучително тешка – дуел со домаќинот Бугарија пред полни трибини во Софија. Селекторот Јошко Миленкоски вели дека атмосферата во македонскиот табор е одлична и дека тимот со нетрпение го очекува почетокот на шампионатот.

„На прагот сме на уште едно Европско првенство, четврто по ред. Ги одработивме последните два официјални тренинзи и сме непосредно пред натпреварот со еден од фаворитите во една од најтешките групи“, изјави Миленкоски.

Македонија ја очекува вистински спектакл, бидејќи натпреварот во Софија ќе се игра пред околу 13.000 гледачи. Миленкоски смета дека Бугарија е еден од фаворитите не само во групата, туку и за висок пласман на целиот шампионат.

„Бугарија не е само фаворит во нашата група, туку и на целиот шампионат. За нас ќе биде огромна сатисфакција ако ја одиграме нашата најдобра одбојка. Ако биде така, се разбира дека очекуваме позитивен резултат“, порача македонскиот селектор.

Натпреварот Бугарија – Македонија се игра денеска од 18:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.