Други спортови Одбојка

Миленкоски го соопшти составот за ЕП: Македонските одбојкари заминаа за Софија

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, го објави конечниот список од 14 репрезентативци за претстојното Европско првенство 2026. Националниот тим утрово замина за Софија, каде што ги продолжува последните подготовки пред почетокот на шампионатот.

Составот е освежен со четири дебитанти кои за првпат ќе настапат на еден континентален собир: техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев и либерото Филип Јованов. Покрај нив, во тимот се наоѓаат и десетмина искусни одбојкари кои го носеа главниот товар и на претходните големи натпреварувања.

Македонската делегација во Софија ќе ги одмери силите во рамките од групата Б во периодот од 9 до 16 септември. Противници на нашите одбојкари во борбата за пласман во следната фаза ќе им бидат домаќинот Бугарија, актуелниот европски првак Полска, како и селекциите на Украина, Португалија и Израел.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.