Кошарка Меѓународна кошарка

Миленикот на црвено-белите, Лука Вилдоза се сели во Партизан?

Европската кошарка доби една од најнеочекуваните вести во овој преоден рок, Партизан се наоѓа на чекор до потпис со аргентинскиот плејмејкер Лука Вилдоза. Според информациите на европските медиуми, „црно-белите“ успеале да го убедат 30-годишниот кошаркар да го облече нивниот дрес за претстојната евролигашка сезона. Овој потенцијален трансфер предизвика огромно внимание, со оглед на тоа што Вилдоза во минатото беше еден од омилените играчи на навивачите на најголемиот ривал Црвена Звезда.

Аргентинецот ја започна европската кариера во Басконија во 2016 година, по што имаше кратки епизоди во НБА-лигата со Њујорк Никс и Милвоки Бакс. Во октомври 2022 година пристигна во Црвена Звезда, каде што ги освои српското првенство и Купот на Радивој Кораќ. Неговата кариера потоа продолжи во грчките гиганти Панатинаикос и Олимпијакос, додека изминатава сезона ја мина во редовите на италијанскиот Виртус Болоња.

Доколку трансферот и официјално се реализира, Вилдоза ќе направи уште еден голем и контроверзен потег во својата кариера со преселба кај директниот ривал, што без сомнеж ќе донесе дополнителна динамика пред почетокот на новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.