Меѓународен фудбал Фудбал

Милано ќе биде домаќин на Суперкупот на Италија

Серија А ги дефинираше сите детали околу првиот овoсезонски трофеј во италијанскиот фудбал. Натпреварот за Суперкупот на Италија помеѓу Интер и Лацио ќе се одигра на 22 декември со почеток од 21:00 часот, а домаќин на овој спектакл ќе биде легендарниот стадион „Џузепе Меаца“ во Милано.

„Нероаѕурите“ обезбедија место во оваа пресметка откако изминатата сезона доминираа и ја освоија двојната круна во калчото, додека римскиот клуб добива шанса да се бори за пехарот како финалист во Купот на Италија.

Сепак, официјалната потврда за терминот доаѓа во исклучително турбулентен период за италијанскиот фудбал. Во раководните структури владее вистински хаос откако претседателот на КОНИ, Лучано Буонфиљо, децидно одби да го признае именувањето на новиот прв човек на фудбалскиот сојуз, Џовани Малаго.

Кризата го достигнува врвот на 6 октомври, за кога се закажани состаноци и на Извршниот комитет и на КОНИ, каде што ќе се разгледува опцијата за назначување привремен комесар кој би ја преземал контролата врз Италијанската фудбалска федерација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.