Меѓународен фудбал Фудбал

Милан повторно без полн плен, Сасуоло освои бод пред своите навивачи (ВИДЕО)

Милан не успеа да стигне до трите бода на гостувањето кај Сасуоло, откако двата тима одиграа 1-1 во натпревар од шестото коло во италијанската Серија А. По првото полувреме без погодоци, „росонерите“ поведоа во 63. минута. Адриен Рабио најдобро се снајде по одбиената топка во шеснаесетникот и со удар кој заврши од внатрешната страна на левата статива ја затресе мрежата за 0-1.

Сепак, предноста на гостите траеше само пет минути. Кас Одентал ја искористи мешаницата во казнениот простор и со прецизен удар го совлада голманот на Милан, носејќи му израмнување на Сасуоло. До крајот на средбата резултатот не се промени, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод. Со ова реми, Милан останува на петтото место на табелата со 12 бодови, исто колку што има и четвртопласираниот Каљари. Сасуоло, пак, стигна до осмиот бод и се наоѓа на десеттата позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.