Меѓународен фудбал Фудбал

Милан подготвува нов замав на пазарот, Сан Сиро ќе добие нов лик!

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, нема намера да го забави ритамот по летните инвестиции од над 165 милиони евра и веќе го крои буџетот за претстојниот зимски преоден рок. „Росонерите“ имаат три јасни мети за засилување на сите линии во тимот, португалскиот дефанзивец Гонсало Инасио од Спортинг Лисабон, за кого се подготвува понуда од 40 милиони евра, англискиот играч за врска Алекс Скот од Борнмут, кој е желба на Рубен Аморим, како и бразилскиот талент Ендрик, кој би можел да пристигне на позајмица од Реал Мадрид. Паралелно со трансфер активностите, клубот ги финализира новите договори за Кристијан Пулишиќ, Страхиња Павловиќ и Адриен Рабио, додека Мехди Бенатија е главен кандидат за пополнување на функцијата технички директор.

Покрај тоа, Милано се подготвува за грандиозен инфраструктурен потфат. Проектот за новиот стадион „Сан Сиро“ се очекува да ги добие сите градски дозволи до следната пролет. Вкупната вредност на проектот изнесува вртоглави 2,3 милијарди евра, самиот стадион со капацитет од 71.500 места, ќе чини околу 700 милиони евра, додека остатокот ќе биде вложен во уривање на стариот објект, патна инфраструктура и изградба на современ комерцијален центар. Почетокот на градежните работи е предвиден за летото 2027 година, а комплетното завршување се очекува во 2031 година, навреме за Европското првенство во 2032 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.