Италијанскиот фудбалски крем е во тотален шок по незапамтениот резултатски и раководен колапс на еден од најтрофејните клубови на Апенините. Навивачите на „росонерите“ се гневни бидејќи нивниот омилен тим буквално се самоуби во самиот финиш од трката за елитното европско друштво. Овој неочекуван дебакл веднаш ја активираше најавената „чистка“ во Милано, каде што американските сопственици покажаа дека немаат милост за никого кога резултатите ќе изостанат.
Она што го градеа со месеци, „росонерите“ комплетно го уништија за само неколку недели. Шокантниот пораз од Калјари во последното коло значеше пад на петтото место и губење на визата за Лигата на шампионите.
Реакцијата на американските сопственици беше немилосрдна. Преку официјално соопштение, компанијата „РедБрд“ ја прогласи сезоната за „целосен неуспех“ i веднаш ја распушти комплетната раководна и спортска структура:
„Последниот дел од сезоната донесе шокантна неконстантност, а синоќешниот пораз ја претвори сезоната во вистинско фијаско. Поради тоа, донесовме одлука за итни промени. Клубот веднаш ја прекинува соработката со директорите Џорџо Фурлани, Игли Таре, Џефри Монкада и шефот на стручниот штаб Масимилијано Алегри. Им благодариме за трудот, а новите назначувања ќе бидат објавени навремено за добро да се организираме за следната сезона.“

