Меѓународен фудбал Фудбал

Мики ван де Вен стави потпис на нов петгодишен договор со Тотенхем!

Холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен се обврза на долгорочна верност кон Тотенхем откако потпиша нов петгодишен договор со лондронскиот клуб. Иако неговата претходна соработка траеше до 2029 година, раководството одлучи да го награди 25-годишниот дефанзивец за одличните партии и дополнително да ја осигури неговата иднина.

„Ова е посебен момент за мене и за моето семејство. Го сакам клубот и навивачите уште од првиот ден, а тука значајно го подигнав моето ниво на игра. Насоката во која се движи Тотенхем е јасна и сакам да бидам важен дел од тимот во годините што следат“, истакна Ван де Вен.

Холанѓанецот пристигна во Лондон во 2023 година од Волфсбург и оттогаш забележа 96 настапи и 10 голови. Спортскиот директор Јохан Ланге изрази огромно задоволство од потписот, истакнувајќи дека Ван де Вен се разви во еден од водечките дефанзивци во европскиот фудбал и играч околу кој клубот ќе ја гради својата иднина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.