Меѓународен фудбал Фудбал

Микел Артета стави потпис на нов богат договор со Арсенал

Сагата околу иднината на Микел Артета на клупата на Арсенал конечно доби своја позитивна завршница. Шпанскиот стратег постигна договор со раководството на лодонскиот гигант за нов, драстично подобрен договор, ставајќи крај на повеќемесечните преговори и шпекулации на Островот.

Иако неговата актуелна обврска истекуваше на крајот од оваа сезона, раководството на „топчиите“ реши да ја награди неговата визија и му понуди услови кои ја потврдуваат неговата централна улога во клупскиот проект. Иако точната должина на новиот договор сè уште се чува во тајност, сè поизвесно е дека Артета ќе го запечати својот престој во Лондон на најмалку цела деценија, со оглед на тоа што дојде на кормилото во декември 2019 година. Со новата спогодба, Шпанецот добива значајно покачување на досегашната базична плата од 10 милиони фунти годишно, надополнета со дополнителни пет милиони фунти преку бонус-клаузули.

Спокојот кај навивачите го најави и самиот Артета уште изминатава недела, кога отворено порача дека неговата желба за останување на „Емирати“ никогаш не била доведена во прашање.

„Нема никаква причина за загриженост. Мојата единствена желба е да бидам тука, исклучително сум среќен и благодарен за луѓето со кои секојдневно соработувам во овој клуб“, изјави тогаш предводникот на Арсенал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.