Меѓународен фудбал Фудбал

Микел Артета го продолжи договорот со Арсенал до 2030 година!

Актуелниот шампион во Премиер лигата, Арсенал, уште еднаш ја потврди својата традиција на доверба и континуитет, откако официјално ја продолжи соработката со менаџерот Микел Артета до летото 2030 година.

Шпанскиот стратег веќе ја тера својата седма година на клупата на гигантот од Северен Лондон, а со новиот потпис влегува во трка да стане еден од најдолговечните предводници во историјата на „топчиите“. Доколку го одработи новиот договор до самиот крај, Артета ќе достигне речиси 11 години стаж во клубот. Со тоа ќе стане третиот тренер со најдолг стаж во историјата на Арсенал, веднаш зад легендарниот Арсен Венгер, кој суверено владееше 22 години, и Џорџ Алисон, кој го водеше тимот 13 години во периодот меѓу 1934 и 1947 година.

Интересна историска фактографија вели дека сите стратези кои минале девет или повеќе години на клупата на Арсенал успеале да освојат шампионска титула. Артета го исполни тој услов во својата седма година од мандатот, носејќи му го на клубот толку посакуваниот пехар во Премиер лигата по периодот на трпеливо градење на тимот. Покрај шампионскиот трофеј, Шпанецот во својата досегашна ризница со лондонскиот клуб има и еден ФА Куп освоен во 2020 година, како и три пехари во Комјунити Шилд.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.