Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Меси со респект кон Англија: Играме против вистинска фудбалска сила!

Лионел Меси ќе има можност за првпат во својата богата репрезентативна кариера да се соочи со Англија, откако Аргентина обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство. По речиси две децении настапи против најголемите светски селекции, англиската репрезентација остануваше единствениот поранешен светски шампион со кој никогаш не се сретнал.

По триумфот над Швајцарија во четвртфиналето, аргентинскиот капитен призна дека дуелот со Англија има посебно значење.

„Посебно е затоа што тие се одличен тим, вистинска фудбалска сила. Секогаш е убаво да се игра против ваков противник“, изјави Меси.

Искусниот напаѓач додаде дека Аргентина мора добро да се опорави по исцрпувачкиот четвртфинален натпревар, но нагласи дека тимот е подготвен за нов голем предизвик.

„Потрошивме многу енергија, но сега најважно е да се одмориме. Верувам дека сме во добра форма и ќе продолжиме да се бориме за нашата цел“, порача аргентинската легенда.

Аргентина и Англија ќе се борат за место во големото финале, во натпревар кој веќе привлекува огромно внимание кај фудбалската јавност.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.