Меѓународен фудбал Фудбал

Меси се врати на клубскиот фудбал со два гола и асистенција (ВИДЕО)

Лионел Меси се врати на терените по Светското првенство и со супериорна партија го предводеше Интер Мајами до победа од 4:2 против мексиканскиот Атлетико Сан Луис во првото коло од Лига купот.

Иако гостите брзо поведоа уште во 4. минута преку Родригез, Меси израмни на 1:1 во 11. минута по асистенцијата на младиот Ноа Ален, кој се истакна со дури три асистенции на натпреварот. Потоа Сеговија донесе пресврт, а Меси го постигна својот втор гол за предност од 3:1, со што стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување со вкупно 14 погодоци. Пред крајот на првото полувреме, Меси асистираше и до Микаел за убедливи 4:1.

Второто полувреме го одбележа и дебитантскиот настап на Каземиро во дресoт на Интер Мајами, кој влезе во игра за да го засили средниот ред.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.