Додека фудбалскиот свет со нетрпение ја очекува големата пресметка за титулата меѓу Аргентина и Шпанија, Лионел Меси на официјалната прес-конференција се осврна на своите почетоци, колективниот дух на „гаучосите“ и неверојатната игра на судбината која го поврзува со младата шпанска ѕвезда. Капитенот на актуелниот светски шампион истакна дека притисокот пред вакви големи натпревари секогаш го прифаќал природно, како дел од играта која ја засакал уште како дете на улиците и во малите локални клубови. Тој додаде дека низ кариерата научил оти во фудбалот и во животот почесто се губи отколку што се победува, а токму тие тешки лекции го изградиле како личност и како врвен спортист.
Неизбежна тема пред новинарите беше и познатата хуманитарна фотографија на УНИЦЕФ направена пред речиси 19 години, на која Меси позира со тогаш неколкумесечното бебе, Ламин Јамал. Денес, тоа бебе израсна во суперстар на шпанскиот фудбал и директен ривал кој му стои на патот на Лео до втората последователна мундијалска титула. Меси ја опиша оваа коинциденција како чиста лудост на животот, но воедно упати и огромни комплименти до тинејџерот на Барселона, нагласувајќи дека внимателно го следи неговиот напредок и дека Јамал со своите 19 години веќе е светска класа и фудбалер со блескава кариера пред себе.
Yes, those photos you’ve seen are real.
More than 18 years ago, a baby named Lamine Yamal and his mom Sheila met Lionel Messi at a UNICEF fundraising photoshoot.
Today, their achievements on the pitch inspire millions. Off the pitch, both Messi and Lamine Yamal use their voices… pic.twitter.com/TSoUPDxia2
— UNICEF (@UNICEF) July 16, 2026
Сепак, аргентинскиот капитен јасно порача дека неговиот тим ќе даде сè од себе за да го неутрализира младиот офанзивец и да го спречи да ја покаже својата најдобра верзија на теренот. Иако призна дека Шпанија има извонредни поединци и врвна тимска игра, Меси потенцираше дека Аргентина располага со моќно оружје и огромен мотив за победа. Големото финале, во кое „гаучосите“ бркаат одбрана на круната, а „фуријата“ ја напаѓа својата прва светска титула по цели 16 години, се игра утре со почеток во 21 часот.

