Меѓународен фудбал Фудбал

Меси повторно во центарот на вниманието, два гола и фантастичен дриблинг (ВИДЕО)

Лионел Меси уште еднаш покажа дека најдобриот одговор на провокациите често се дава со топката во нозете. Аргентинскиот ас постигна два гола во победата на Интер Мајами од 3-1 против Атланта Јунајтед, а еден од моментите на натпреварот беше неговата пресметка со Џуниор Алонсо.

Напнатоста меѓу двајцата фудбалери не е од вчера. На нивната претходна средба, парагвајскиот дефанзивец влезе во вербален конфликт со Меси, откако му се внесе во лицето и го провоцираше. Изгледа дека капитенот на Аргентина добро го запаметил тој момент.

Овојпат, Меси одлучи да одговори на теренот. Со препознатливата техника и серија финти, го надмудри Алонсо и го остави без одговор, а акцијата ја круниса со погодок. Наместо да го скрие задоволството, аргентинската ѕвезда дополнително ја зачини ситуацијата со реплика упатена кон својот противник: „Сè уште се вртиш?“

Меси потоа го прослави голот во близина на парагвајскиот дефанзивец, испраќајќи јасна порака дека претходната провокација не била заборавена. Со вториот погодок, Аргентинецот го потврди својот одличен настап и помогна Интер Мајами да стигне до убедлив триумф од 3-1. Но, покрај резултатот, вниманието го привлече и личниот дуел со Алонсо, кој доби сосема поинаков епилог од претходниот.

Меси не влезе во долга расправија, ниту му беше потребен дополнителен одговор. Му беа доволни топката, неговата магија и еден погодок за да му возврати на дефанзивецот.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.