Меѓународен фудбал Фудбал

Меси повторно се поврзува со матичниот клуб од Аргентина, Романо откри каква е вистинската ситуација

Иднината на Лионел Меси повторно е во центарот на вниманието, откако се појавија информации дека аргентинската ѕвезда би можела да се врати во својот матичен клуб Њуелс Олд Бојс во јануари 2027 година. Сепак, познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо ги демантираше овие најави, истакнувајќи дека во моментов не постојат никакви преговори за ваков трансфер.

Шпекулациите започнаа во Аргентина, каде што локалните медиуми објавија дека враќањето на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ во Росарио е поблиску од кога било. Сепак, според Романо, Меси е задоволен во Интер Мајами, а неговата желба е да го испочитува актуелниот договор, кој важи до 2028 година, со можност за продолжување на соработката.

Интересот на Њуелс Олд Бојс за својот поранешен младинец не е нов, бидејќи клубот веќе подолго време работи на можноста да го врати во Аргентина. Меси во овој клуб ги направи првите фудбалски чекори, пред на 13-годишна возраст да се пресели во Барселона.

Евентуалното враќање би имало огромно емотивно значење, но засега останува само желба на навивачите, бидејќи аргентинската ѕвезда нема намера да го напушти американскиот клуб.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.