Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Меси покажа големина со донација од пет милиони долари за Венецуела

Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата огромна хуманост надвор од фудбалските терени. Аргентинскиот капитен донираше пет милиони долари за помош на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Венецуела.

Покрај финансиската помош, искусниот фудбалер испрати и три авиони со медицински материјали за настраданите граѓани. Со овој голем потег, Меси уште еднаш докажа дека е вистински великан и надвор од спортот.

На самиот Мундијал, ѕвездата на Интер Мајами игра во фантастична форма и веќе постигна шест голови. Тој моментално е прв стрелец на Светското првенство.

Со новите погодоци, Меси стигна до бројката од 18 гола на светските шампионати. Аргентинецот го престигна легендарниот Мирослав Клосе на вечната листа и испиша нова фудбалска историја.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.