Светски првенства Фудбал

Меси и Мбапе во лов на рекордот на Мирослав Клосе!

Остануваат уште само три дена до почетокот на Светското првенство во фудбал. Возбудата кај навивачите ширум светот веќе го достигнува својот максимум. Овој турнир носи големи битки, но и шанса за уривање на никои фасцинантни рекорди.

По повеќе од една деценија, рекордот на Мирослав Клосе е под сериозна закана. Легендарниот Германец е најдобар стрелец во историјата на Мундијалите со 16 постигнати голови.

Сега двајца феноменални напаѓачи се наоѓаат на чекор до ова големо достигнување. Најблиску до целта е Лионел Меси, кој досега има постигнато 13 голови. За аргентинскиот капитен најверојатно ова воедно ќе биде и последно Светско првенство во кариерата. Тој за време на групната фаза ќе наполни 39 години.

Веднаш зад него е француската суперѕвезда Килијан Мбапе со 12 погодоци. Мбапе има само 28 години и пред него има уште многу фудбал. Тоа му дава предност во оваа историска трка.

Овие двајца играчи приредија спектакуларно шоу во финалето пред четири години. Тогаш Мбапе постигна хет-трик и ја освои „Златната копачка“ со осум голови. Меси заврши веднаш зад него со седум гола, но го подигна шампионскиот трофеј.

За титулата најдобар стрелец на турнирот обично се потребни најмалку пет погодоци. Доколку Меси или Мбапе го повторат тој ефект, Клосе дефинитивно ќе го загуби својот престол.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.