Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Меси го тестира африканското чудо, историска битка меѓу Египет и Австралија

Денешната фудбалска програма на Светското првенство носи три исклучително возбудливи пресметки во нокаут-фазата, каде што секој чекор води кон големото финале. Во центарот на вниманието дефинитивно е актуелниот светски првак Аргентина.

„Гаучосите“ точно на полноќ во Мајами ќе ги одмерат силите против најпријатното изненадување на турнирот, селекцијата на Зеленортските Острови. Аргентинците допатуваа во елиминациите со максимални три победи и потврдија дека се главни фаворити за одбрана на тронот. Сепак, африканскиот дебитант веќе покажа дека е тврд орев со нерешените резултати против Шпанија и Уругвај. Најголемото искушение за култниот голман Возиња ќе биде неверојатниот Лионел Меси. Легендарниот капитен и на 39-годишна возраст игра во страшна форма. Тој го предводи нападот на селекцијата која нема пораз на последните девет мундијалски средби.

Пред овој меч, возбудата започнува уште во 20:00 часот со историскиот дуел меѓу Австралија и Египет во Арлингтон. Оваа средба има огромно значење бидејќи ниту една од овие две нации досега нема победа во елиминациски меч на Светските првенства. Австралијанците под водство на Тони Поповиќ се потпираат на фанатична борбеност и на високиот дефанзивец Хари Саутар во воздушните дуели. Од друга страна, Египет влегува во овој меч со сериозни главоболки поради повреди. Настапот на нивниот главен адут, Мохамед Салах, сè уште е под голем знак прашалник.

Пбедниците од овие два натпревари ќе ги одмерат силите во следната рунда, што дополнително ја крева тензијата на теренот. Богатиот фудбалски ден со свој план и стратегија ќе го затворат селекциите на Колумбија и Гана, чија пресметка започнува доцна во ноќта, поточно во 03:30 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.