Лионел Меси ја надмина повредата на задната ложа на левата нога и ќе биде комплетно подготвен да ги предводи светските шампиони на нивниот прв натпревар на Мундијалот, пренесува шпанскиот медиум „Ел Десмарке“.
Иако има 38 години, аргентинскиот волшебник ќе се најде во почетниот состав на „гаучосите“ за премиерниот дуел против селекцијата на Алжир, кој е закажан за 17 јуни во Канзас Сити. Капетанот веќе десетина дена тренира со полн интензитет со остатокот од тимот и се наоѓа во одлична физичка кондиција.
Предводникот на Аргентина веќе ги тестираше своите можности на пријателскиот натпревар против Исланд (3:0), каде што одигра нешто повеќе од половина час и успеа да се запише во листата на стрелци со прецизно изведен пенал, потврдувајќи дека е комплетно рехабилитиран за почетокот на шампионатот.

