Боречки спортови Други спортови

Мераб Двалишвили брутално нападнат од браќата Нурмагомедов (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ шампион во бантам категорија, Мераб Двалишвили, доживеа тежок инцидент во Абу Даби, откако во лобито на еден хотел бил брутално нападнат од група дагестански борци, предводени од браќата Усман и Умар Нурмагомедов. Инцидентот се случил среде бел ден, во моментот кога Грузиецот со свој пријател се упатувал кон закажано интервју со новинарите.

Според сведоштвото на Двалишвили, дваесетина луѓе од таборот на Нурмагомедов подмолно ги нападнале од грб. Грузискиот борец завршил со сериозни повреди на лицето, а преку видео снимки од болница, каде што му беше укажувана медицинска помош за запирање на крвавењето од носот и затворање на левото око, отворено ги прозва своите ривали:

„Ова е страшно подмолно. Дојдовме само двајцата во Абу Даби, а Усман Нурмагомедов и неговите пријатели се појавија од зад грб како змии. Какви борци сте вие, какви мажи сте? Дојдовте 20 луѓе против нас двајца и продолжувавте да нè тепате дури и кога бевме на земја. Ние се боревме како вистински воини, а вие покажавте дека немате карактер.“

Поради повредите на лицето и окото, под голем знак прашалник е настапот на Двалишвили на претстојниот настан против Марлон Мораес. Нетрпеливоста меѓу овие табори дополнително ескалираше откако Двалишвили претходно го совлада Умар Нурмагомедов во мечат за појасот со едногласна одлука на судиите. Овој инцидент повторно ја отвора дебатата за однесувањето на тимот на Нурмагомедов надвор од октагонот, ставајќи го во фокус и првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, во однос на идните чекори и потенцијалното потпишување на Усман Нурмагомедов.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.