Голема кошаркарска бомба ја затресе НБА лигата. Познатиот новинар Шамс Шаранија јави за нов мега трејд. Мемфис Гризлис одлучија да го трејдуваат својот досегашен лидер Џа Морент. Негов нов клуб во кариерата ќе биде Портланд Трејл Блејзерс.
Портланд во спротивен правец ги испраќа искусното крило Џереми Грант и Крис Мареј. Блејзерс сега имаат дури четири играчи кои можат да покријат на позицијата плејмејкер. Покрај Морент, таму се Демијан Лилард, Џру Холидеј и Скут Хендерсон. Многумина веруваат дека Портланд не заврши со трансферите. Нивна следна голема мета наводно е ѕвездата Џејлен Браун.
Морент минатата сезона влезе во сериозен конфликт со тренерот Исало. По тој инцидент стана јасно дека на управата комплетно крена раце од него. Трпението се потроши по серијата претходни надворешни инциденти на талентираниот бек. Талентот и квалитетот на Морент се неоспорни, но во последните години тие беа во сенка на инцидентите кои овој кошаркар ги правеше во и надвор од теренот. Сега тој конечно добива нов дом и чиста шанса за рестарт.
Морент одигра вкупно 327 натпревари за тимот на Мемфис. Тој просечно бележеше по 22,4 поени и 7,4 асистенции по натпревар. Минатата сезона Морент се појави на само 20 натпревари. На паркетот во просек поминуваше скромни 28 минути.

