Коринтијанс е меѓу осумте најдобри екипи во Копа Либертадорес, откако на домашен терен со 1-0 го совлада Росарио Сентрал и ја завери четвртфиналната виза. По ремито без голови во првиот натпревар во Аргентина, и реваншот во Сао Паоло долго време не носеше резултатска промена. Ситуацијата дополнително се искомплицира за домаќините откако Раниеле доби црвен картон и Коринтијанс остана со играч помалку.
Тогаш на сцена стапи Мемфис Депај. Холанѓанецот, кој натпреварот го започна од клупата и покрај неизвесната иднина во клубот, влезе во игра во 70. минута и само десет минути подоцна одигра клучна улога. Депај одлично изведе слободен удар, а на неговата топка налета Брено Бидон и со прецизен удар го постигна единствениот гол на натпреварот. Коринтијанс успеа да ја сочува предноста до крајот и да обезбеди место во четвртфиналето.
Таму го очекува аргентинскиот Естудијантес, кој ќе биде следната пречка на патот кон полуфиналето. Пласман меѓу најдобрите осум обезбеди и ЛДУ Кито. Еквадорскиот тим по 1-1 во првиот натпревар одигра 0-0 со бразилски Мираcол и по 120 минути играше без победник. Патникот во четвртфиналето беше решен на пенали, каде ЛДУ Кито славеше со 5-4.
🔥⚽ Depay with the delivery, Bidon with the finish! 🇧🇷
⭐ @Corinthians | #GloriaEterna pic.twitter.com/ZroZkGbfpe
— CONMEBOL Libertadores (@TheLibertadores) August 21, 2026

