Мелсунген ја совлада Висла Плоцк со 28:2, внесувајќи дополнителна неизвесност во борбата за пласман во следната фаза. Со овој резултат, Висла, Мелсунген и Нант имаат по шест бода во групата Б, во која настапува и Вардар, па последното коло ќе биде одлучувачко за конечниот расплет. Германскиот состав до победата стигна по неизвесна завршница, во која клучни беа головите на Менсинг, Гарсија и Стефансон, со кои беше одбиен налетот на полскиот тим. Менсинг и Баленсиага со по шест погодоци беа најефикасни кај победничката екипа, додека кај Висла се истакнаа Фрише и Тор Стефансон со по четири гола.
Вардар, кој има два бода, во последното коло ќе го пречека Мелсунген во СЦ „Јане Сандански“, додека Висла на домашен терен ќе се соочи со Нант. Резултатите од овие два натпревари ќе го одредат конечниот распоред и патниците во следната фаза од натпреварувањето.

