Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мексико сака сензација, Англија ја брани фаворитската улога

Еден од најочекуваните натпревари во осминафиналето на Светското првенство ќе се одигра вечерва во Мексико Сити, каде што Мексико ќе ја пречека Англија на легендарниот стадион „Ацтека“. Почетокот на средбата е закажан за 03:00 часот по македонско време, а победникот ќе обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции, каде ќе го чека подобриот од дуелот Бразил – Норвешка.

Домашната репрезентација пристигнува во елиминациската фаза во одлична форма. Избраниците на Хавиер Агире имаат максимален учинок на турнирот и досега не примија ниту еден гол. Цврстата одбрана, дисциплинираната игра и поддршката од преполните трибини се нивните најсилни адути, а дополнителна предност ќе биде и високата надморска височина во мексиканската престолнина.

Од другата страна е Англија, која продолжува да важи за еден од главните фаворити за светската титула. Тимот на Томас Тухел располага со голем број врвни фудбалери, предводени од Хари Кејн, Џуд Белингем и Букајо Сака, а во претходната рунда без поголеми проблеми ја елиминираше ДР Конго.

Иако Англичаните имаат подобар меѓусебен биланс, Мексико верува дека домашниот терен и фантастичната атмосфера ќе бидат доволна мотивација за нов голем резултат. Се очекува натпревар со висок ритам, многу борба и неизвесност до самиот крај, во дуел кој многумина го сметаат за едно од најголемите дербија во осминафиналето на Мундијалот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.