Познати се 26-те фудбалери кои ќе ги бранат боите на еден од домаќините на претстојното Светско првенство, Мексико. Веднаш по минималниот триумф од 1-0 над Австралија во подготвителниот натпревар, селекторот на „Ел Три“, Хавиер Агире, го соопшти конечниот список на патници.
Во тимот преовладува интересен спој на генерации, а главни ѕвезди се двајца играчи, Гиљермо Очоа, искусниот чувар на мрежата се подготвува за својот рекорден шести Мундијал во кариерата и Хилберто Мора, 17-годишниот тинејџер ќе испише историја како најмладиот мексикански фудбалер кој некогаш настапил на светските шампионати.
Голмани: Раул Рангел, Гилермо Очоа, Карлос Асеведо;
Одбрана: Хесус Гаљардо, Жоан Васкез, Израел Рејес, Сезар Монтес, Хорхе Санчез, Матео Чавез;
Среден ред: Едсон Алварез, Ерик Лира, Алваро Фидалго, Гилберто Мора, Брајан Гутиерез, Луис Ромо, Орбелин Пинеда, Обед Варгас, Сезар Уерта, Луис Чавез;
Напад: Роберто Алварадо, Алексис Вега, Сантијаго Хименез, Раул Хименез, Хулијан Кињонес, Армандо Гонзалез, Гилермо Мартинез.
Мексико се наоѓа во групата А и ќе игра против Јужна Африка, Јужна Кореја и Чешка.

