Боречки спортови Други спортови Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мeкгрегор стави 100.000 долари на финалето, oчекува милионска добивка!

Конор Мекгрегор повторно привлече големо внимание, но овојпат не со борба во октагонот, туку со облог за финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Поранешниот шампион на УФЦ објави дека уплатил 100.000 долари на точен резултат 3:2 во корист на Аргентина. Коефициентот за ваков исход е 36, што значи дека доколку прогнозата му се оствари, ќе инкасира дури 3,6 милиони долари.

„Ова е мојата прогноза и мојот облог за финалето. Аргентина ќе победи со 3:2“, напиша Макгрегор на социјалните мрежи.

Интересно е што Ирецот откри дека идејата за ваквиот резултат не била негова. Според него, пред неколку години видел објава од непознат корисник на интернет кој токму ваков епилог го предвидел за финалето, а тој решил целосно да му верува. Сега останува да се види дали Макгрегор ќе ја погоди својата смела прогноза и ќе заработи милионска сума од само еден облог.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.